Диак или "диода за наизменична струја", е диода која проведува струја откако напонот на пробив VBO ќе ја достигне неговата номинална вредност. Диакот останува во состојба на проведување се додека струјата низ него не падне под вредноста карактеристична за него, таканаречена струја на држење IH. Кога ќе падне под таа вредност диакот се враќа повторно во непроводна состојба. Овие својства се бидирекционални, што значи дека се исти во двете насоки на проведување.