Работни места

Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

Огласи за Слободни Работни Места:


1. Sales Department, Големопродажба


Индустриска Мерна опрема, Продажен Инженер

Профил на кандидатот:

Енергична и упорна личност сте со константа желба за напредување и усовршување преку учење од најдобрите светски специјалисти. Уживате, да работите во динамична средина, во тим со луѓе кои знаат што сакаат и како тоа да го реализираат а за изговор не знаат? Патувањата и промените ви се добро утро и добар ден? Сакате да работите и стварате во Македонија. Придружете ни се!

Главните одговорности вклучуваат:

  • Активно планирање и реализација на посети за воспоставување на контакти со купувачите со цел зголемување на продажбата;
  • Презентација и представување на компанијата и темата кај индустриските клиенти, клиентите од образовниот сектор како и на семинари, обуки, едукативни настани организирани од нас итн...;
  • Да најдеш начин да го видиш проблемот кај нашите клиенти, а потоа со твојот Авторитет и Кредибилитетот на компанијата најди начин да допреш до нив да го пренесеш на нив често и тоа за што никогаш ниту чуле ниту виделе;
  • Активна соработка со сите сектори во компанијата;
  • Зголемување на профитот на компанијата.

Предуслови:

  • инженер од техничките факултети, пожелно електроника, телекомуникации, енергетика, мерења... Добро, не мора баш инженер, ама да не е ни далеку од тоа;  smiley
  • познавање од електроника, компоненти, индустриска мерна опрема;
  • задолжително, одлично владеење на пишан и говорен Англиски jазик;
  • возачка дозвола;
  • развиени вештини за комуникација деловна, смирена и одмерена;
  • организирана, одговорна, доверлива личност со иницијатива;
  • почит;
  • основни особини кои очекуваме да ги сретнеме кај секого од нас во Логинг Електроникс

Квалификации:

  • задолжително искуство во работа со Компјутер, интернет, MS Office…;
  • професионален однос кон работните обврски, без изговори...;
  • деловна пишана и вербална комуникација;
  • пожелно искуство од големопродажба;
  • тимски ориентирана во поттикнување и градење на меѓусебна доверба, почит и соработка меѓу членовите на тимот но и индивидуалец во продажба;
  • менаџирање со време, почитување на рокови, согласно политиката на компанијата;
  • прецизност, сигурност.

Што нудиме:

  • пристап до најновата врвна индустриска технологија: опрема, знаење, примена;
  • задоволство од имање во ракав веднаш применливо едноставно специјализирано решение за апликација или тековен проблем на клиент од индустријата што живот значи за Стандардот на компанијата, регионот а често и на државата;
  • можност за кариерен и личен развој;
  • работа во динамично и стимулативно опкружување;
  • стимул пропорционално на остварените резултати;

*Тестирање задолжително.

Запознајте се со  Шесте чекори за вработување.

Ако се наоѓате себеси во било која од овие можности пополнете Пријавување за работа.

Број на отворени работни места: 2 (две)                              Статус на конкурсот: Отворен


2. Sales Department, Продажба


Мултимедија, Техничко Лице за Продажба

Да им помогнете на нашите купувачи треба да бидете запознаени со нашите производи: eлектронски компоненти, материјали и мултимедија артикли. Ако отидете на нашиот сајт ќе видите голем број производи. Може ќе си помислите дека треба да ги познавате сите постоечки и нови кои пристигаат, но не е така. Тоа што морате да го познавате е функционалностите на групите на производи, да ги пронајдете во нашиот систем со што и ќе најдете комплетни информации за нив. Дури потоа на сцена стапувате Вие во функција на продавач, со Ваш совет им помагате да одберат тоа што им е потребно (често и не знаат што им е потребно, но бидејќи технологијата се движи забрзано напред разбирливо е дека неможе секој да ја следи). Најчесто за еден проблем имаме повеќе решенија кои им ги објаснувате и им давате совет како да ги користат, со што технологијата ја ставате во функција на олеснување на секојдневието. Секако дека знаењето на англискиот јазик треба да биде на ниво на конверзација. Морате да бидете позитивни и да му пренесете на нашиот купувач сигурност дека го има оптималното решение на проблемот, а потоа ако не се снајде нема да биде оставен сам! Оваа порака треба да му ја пренесете на нашиот купувач со која всушност и не го лажете, тоа е токму така!

Предуслови:

Квалификации:

  • задолжително искуство во работа со компјутер, интернет;
  • комуникациски вештини, уживање во динамичност, флексибилност како концепт;
  • прецизност, сигурност;
  • тимски ориентирана во поттикнување и градење на меѓусебна доверба, почит и соработка меѓу членовите на тимот но и индивидуалец во продажба;
  • менаџирање со време, почитување на рокови;
  • основно познавање на производите на ЛОГИНГ Електроникс;
  • возачка дозвола, пожелно.

Што нудиме: Освен знаење за нашите производи ќе имате прилика да се запознавате и со новите технолошки решенија, троцифрен број на луѓе со кои секојдневно ќе бидете во контакт, динамична средина.

*Тестирање задолжително.

Запознајте се со  Шесте чекори за вработување.

Ако се наоѓате себеси во било која од овие можности пополнете Пријавување за работа.

Број на отворени работни места: 1 (едно)                              Статус на конкурсот: Отворен

 


3. Администрација, Секретар-ка


Деловен секретар-ка

Деловниот секретар е огледало на Логинг Електроникс, личност за прв прием на странки и почетна комуникација со нив, генератор на пријатна околина.

Квалификации и вештини:

- крајно пријатен/љубезен професионален однос со коминтенти на телефон како и коминтенти присутни во фирмата, исто така и со сите вработени

- задолжително: Добро утро, Пријатно...

- деловна облека

Работни обврски:

  • прием на телефонски повици, max опслужување на повиците без исклучок;
  • прием на странки;
  • пијалок за коминтенти;
  • е-mail деловна комуникација со користење на Microsoft Outlook;
  • ажурирање на контакти дневно во Microsoft Outlook;
  • изработка на разни текст документи со користење на Microsoft Office;
  • уредност и хигиена на работно место;
  • обработка на слики во Photoshop;
  • разно-согласно развојот на ЛЕ.

Работно време: 9-17h/ пауза 30min

*Тестирање задолжително.

Запознајте се со  Шесте чекори за вработување.

Ако се наоѓате себеси во било која од овие можности пополнете Пријавување за работа.

Број на отворени работни места: 1 (едно)                              Статус на конкурсот: Затворен


4. IT department, Software


IT специјалист/програмер (software developer)

Користењето на IT алатките ни е секојдневие во нашиот систем. Од Вас се очекува да мислите на креирање на нови и унапредување на постоечките системски процеси. Вашата цел е олеснување на секојдневната работа на колегите и клиентите, работењето да им се автоматизира до максимум а со тоа грешките и ресурсите (време, мануелна работа) да им бидат минимални. Вашиот производ треба да има врвен квалитет, да нема багови, да биде брз-не, очекуваме да биде најбрз, оптимизиран, а корисниците да го обожаваат, а кога ќе мислат дека тоа е тоа да ги изненадите со уште подобра верзија smiley. Работата во овој сектор бара храброст, иновативност, креативност а од Вас ќе се очекува максимум.

Со гордост може да ви кажеме дека имаме модули кои по својата креативност и иновативност се единствени.

Квалификации и Вештини:

  • универзитетска диплома од област на Информатика. Добро, не мора баш диплома, ама да не е ни далеку од тоа. smiley
  • работно искуство: мин. 1 година;
  • одлично познавање и работа со ASP.NET C#
  • одлично познавање и работа со MS SQL server 2005/2008;
  • добро познавање на софтверските развојни инженерски процеси;
  • добро познавање на Web Logic;
  • добар тимски играч, ориентиран на поттикнување и градење на меѓусебна доверба, почит и соработка меѓу членовите на тимот;
  • познавање на Windows Server 2008 R2;
  • основни особини кои очекуваме да ги сретнеме кај секого од нас во Логинг Електроникс

Работни обврски:

  • оптимизација, развој и имплементација на web заснована апликација со онлајн плаќање;
  • активно презентирање на идеи за подобрување на постоечките модули на софтверот;
  • обука на колегите за промените и надградбите во апликативниот софтвер;
  • менаџирање на бази на податоци на MS SQL server 2005/2008;
  • одржување на системскиот и апликативниот софтвер во насока на континуирано и непречено функционирање и користење од страна на корисниците;
  • планирање и имплементација на надградби на системскиот софтвер;
  • документирање на промените и надградбите во апликативниот софтвер;
  • генерирање на брзи извештаи во excel.

Што нудиме: динамична средина, брзи денови, уште побрзи месеци и години, Ќе ви се пружи прилика да ги поместите границите на своите можности, да го научите се она што реално Системски е можно, да си ја развивате креативноста а резултатите од тоа да ги гледате веднаш.

*Тестирање задолжително. Во пријавата обавезно да посочите проекти (линк кон сајтови) и детален опис на што конкретно сте работеле, бидете опширни и што подетални, не се штедете. Нема потреба заедно да трошиме време во понатамошниот процес на евалуација за да дојдеме до истите информации.

Запознајте се со  Шесте чекори за вработување.

Ако се наоѓате себеси во било која од овие можности пополнете Пријавување за работа.

Број на отворени работни места: 1 (едно)                              Статус на конкурсот: Затворен


5. Support Department (Service center)


Поддршка на нашите производи, Сервисер

Ако ве интересираат електроника, микроконтролери, функционалности на hi-tech производи, дијагностика на дефекти, леткум и лемење на SMD компоненти ова е право место за Вас. Ако сакате да го гледате резултатот од Вашите раце како работи со чувство на задоволство, ова е правото место за Вас. Колегите ќе Ве пречекаат со раширени раце затоа што им требате, работа има и превише. Од Вас се очекува да бидете храбри во работата, во одлуката да донесете вистинска дијагностика со што ќе го решите во најголем дел проблемот, а останатото е само рутина што се бара од Вас за да стигнете да видите како работи производот што и ќе го потврдите со тестот на сите функционалности. Оддржувањето на производите и услугите во и вон гарантен период согласно нашата генерална политика е Ваша одговорност. Се очекува да ги затворате сите започнати таскови навремено и пречекувате новите. И знајте, секој ден е различен.

Предуслови:

Квалификации :

  • тимски ориентирана, но и индивидуалец во дијагностика;
  • менаџирање со време и рокови;
  • прецизност, сигурност;
  • почит кон колегите како дел од Вашите навики;
  • професионален однос кон работните обврски;
  • задолжително искуство во работа со компјутер, интернет...;
  • возачка дозвола.

Што нудиме: предизвик да се справувате со новите технолошки решенија имплементирани во нашите производи, прединамична средина.

*Тестирање задолжително.

Запознајте се со  Шесте чекори за вработување.

Ако се наоѓате себеси во било која од овие можности пополнете Пријавување за работа.

Број на отворени работни места: 2 (две)                              Статус на конкурсот: Затворен


6. Друго


a) Практикант за практикантска работа

Логинг Електроникс -  фирма со традиција, но млад дух, исклучително динамична, иновативна, предводена од енергичен, вреден, високо стручен и амбициозен тим.

ЦЕЛ: Нов иновативен правец за превентивно делување кај студентите и средношколците, заради зголемување на нивната вработливост, подобрување на професионалните вештини и можностите за стекнување релевантно искуство, со што ќе станат подготвени лесно да се вклучат на пазарот на трудот.

Кој се може да се пријави:

  1. студент, постдипломец
  2. средношколец 

Едноставно, сите оние што имаат изострен ум и кои умеат да ја препознаат можноста со која ќе поттикнат професионална надградба која можеби ќе биде нивниот “катализатор” и пат до нивната лична кариера.

Ваши можности:

  • надополнување на теоретското знаење со пракса;
  • работа во реална работна средина;
  • работа во одлично работно опкружување и пријатна атмосфера;
  • тимска работа;
  • размена на искуства;
  • менторство од страна на искусни и квалификувани професионалци;
  • сертификат за практикантска работа.

Доколку се наоѓате себеси во било која од овие можности направете Пријавување за практикантска работа.
Ве охрабруваме не само да набљудувате, туку и да учествувате, не само да сонувате, туку и да се надградувате, континуирано да учите од поискусните, затоа што сé се случува со труд!

Број на отворени работни места: xxx                               Статус на конкурсот: Отворен

 

b) Во било која група

Со континуираниот развој на Логинг Електроникс се отвараат дополнителни работни места. Затоа се јавува повремена потреба од проширување на тимот.

Логинг Електроникс има континуирана потреба од талентирани, паметни и работливи колеги. Ако во моментот немаме слободно место, со испраќање на вашата пријава за работа би Ве имале во предвид при наредните конкурси за работа.
Во технички оддел често се јавува потреба од ангажирање на колеги со цел завршување на одредени проекти од областа на електрониката.

Сервисно производниот оддел на Логинг Електроникс е во континуитет отворен и за прифаќање на млади талентирани луѓе желни за практични знаења кои не може да се стекнат во тек на школувањето, да ја почувствуваат атмосферата и духот на тимот во реална работна средина.

Ако се наоѓате себеси во било која од овие можности или имате некаква идеа која може заедно да ја реализираме Ве молиме да ја пополните Пријавата за работа.


Може да се пријавите во било кое време!

Ве молиме да ја пополните пријавата за вработување. Притиснете овде ...

*Само селектирани кандидати ќе бидат повикани на интервју и тестирање.

Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2022 Loging Electronics. All rights reserved.