Политика за заштита на лични податоци

Print this pageseparatorSmaller textspacertextp

 

Ви ја приложуваме Политиката за заштита на личните податоци, со која се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се предмет на обработка. Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате интернет страната на ЛОГИНГ ЕЛЕКТРОНИКС ДОО, Скопје, . Ги собираме само оние лични податоци кои се минимално неопходни за да оствариме комуникација со Вас. Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домејни и поддомејни.

Ги молиме корисниците внимателно да ја прочитаат оваа Политика на приватност, со цел да бидат запознаени како се користат податоците и информации што Логинг Електроникс ги собира од нив. Со пристапот или со користењето на оваа интернет страна, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на интернет страната. Доколку не се согласувате со овие услови, ве молиме да не пристапувате и да не го  користите нашиот сајт.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Логинг Електроникс, со седиште на ул. Народен Фронт 19а/1/6 1000-Скопје, Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Прибирање информации

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве ситуации:

  • Посети на нашата интернет страна . Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика  за користење на колачиња. (линк).
  • При реализација на нарачка задолжителна е Ваша регистрација која содржи информации за идентитетот на корисникот кои се потребни за реализација на нарачката како што се следниве категории: име и презиме, адреса, контакт телефон, email.
  • Учесници на обуки, конференции и настани- Лични податоци за цели на спроведување на обуки и настани организирани од Логинг Електроникс.

Категории на податоци кои се обработуваат

           1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна, серверот за секој посетител креира логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.

          2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

При регистрација за реализација на нарачка, лични податоци кои ги прибираме се оние кои Вие доброволно ги доставувате а се минимум потребни за реализација на нарачката при што може да бидат некој од следниве категории: име и презиме, адреса, контакт телефон, email. Овие податоци се користат единствено за реализирање на Вашата нарачка. При оваа региситрација може да одберете и области на интерес, менаџментот со изборот на областите на интерес е лично ваш, во секој момент можете да ги промените или исклучите сите.

При регистрација за добивање на електронски весник податоци кои ги доставувате се: име, презиме и email, како задолжителни полиња за персонализирање на електронскиот билтен. Корисникот може да одбере интереси за кои сака да добива билтен со нови производи и тековни акции и префериран јазик како незадолжителни полиња. Задолжително е да го отчекирате полето за недобивање на електронскиот весник, со што ќе ни дадете Ваша дозвола да добивате персонализирани маркетиншки пораки, вообичаено на Вашиот мејл. Податоците кои се оставени преку оваа форма исклучиво се користат за овие цели. Со добивање на секој електронски весник, најдоле имате линк за одјава која се извршува во рок не подолг од 7-дена.

При аплицирање за вработување личните податоци кои ги оставате во формуларот на сајтот се користат исклучиво за процесот на регрутација за работното место за кое сте аплицирале. Пристапот до нив го имаат само одговорните од човечки ресурси. После завршување на процесот на регрутација истите се уништуваат во рок не подолг од 30-дена.
Генерално, личните податоци ќе бидат чувани во форма која овозможува идентификација на субјектот на личните податоци и откако повеќе нема да бидат потребни се уништуваат.

Како  ги собираме личните податоци

 Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • користење Ваше на нашата интернет страна, при нарачка и задолжителната регистрација;
  • регистрација за добивање на електронски весник
  • формите за аплицирање;
  • контакт формата за прашања на интернет страната, во најголем дел стручни;
  • нашиот email: [email protected]

Категории на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите, прашањата преку интернет страната на Логинг Електроникс, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или стручните лица задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Логинг Електроникс ги ангажира за доработка на интернет страната со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Логинг Електроникс и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги;
  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. Податоците за корисниците и купувачите кои се собираат во дефинираните збирки на податоци се чуваат во рок од 30 дена од денот на поднесено барање за бришење на податоците од корисникот.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци, Образец1
  • право на исправка и бришење на личните податоци, Образец2
  • право на ограничување на обработката на личните податоци, Образец3
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Васе Атанасовски на следниов e-mail: [email protected].
Во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за вашите права.

Заштита на Вашата сметка

Информациите за вашите лични податоци се транспарентни во менито за Вашата сметка на нашата интернет страна. Наголем дел од промените и дозволите сами ги правите, освен промената на Вашиот мејл за што треба да не известите.
Затоа, Вашето корисничко име и лозинка треба да Ви бидат познати единствено вам. Тие се клучот на Вашата сметка и Вашите лични податоци, користете: броеви, букви, специјални знаци и чувајте си ја лозинката во тајност. Имајте контрола врз корисничкото име и лозинката за да не станете дел од законски водени активности предводени во Ваше име.
Доколку Вашата лозинка е компромитирана на било каков начин, Ве молиме веднаш известете не, ние ќе ја промениме ако не сте во можност самите да си ја промените.

При самиот процес на плаќање податоците кои ги внесувате од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашиот сервер. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на Стопанска банка АД Скопје a кој е овозможен и поддржан од CaSys специјализирана компанија за картични трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на  Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка. За овој процес се грижат специјализирани компании кои гарантираат за заштитата на личните податоци поврзани со Вашите платежни картички. Целата безбедност и информациите што ги оставате се на нивниот систем кој е поддржан од највисоки светски безбедносни стандарди согласно и регулативата во Македонија. Ние не прибираме никакави информации од вашите платежни картички, кај нас стига само информација од CaSys дека е “реализирано плаќање со картичка за нарачка со број…”.

Cookies, Технологија

Веб страната може да употребува технологија за следење во зависност од формата, Cookies. Оваа технологија е корисна за прибирање на различни информации како што се, користени оперативни системи, број на посетители, пребарувања на поситителите и слично. Со помош на оваа технологија се подобруваат перформансите на самата веб страна.

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За функционалноста на нашата онлајн продавница (да не мора при секој клик на било кој линк повторно да се најавувате).
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци, како кои производи ги имате прегледано;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на ЛОГИНГ сте ја посетиле и кога сте ја посетиле.


Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.
Каков вид на колачиња (cookies) користиме?


Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваша лична идентификација. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) е неопходно за работа на веб страницата. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа нема да можете да ja користите веб страницата.

Повеќе информации за колачињата за секој прелистувач можете да погледнете на следниве линкови:

Microsoft Internet Explorer:
https://support.microsoft.com/en-gb/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies
Google Chrome:
https://support.google.com/chrome/answer/95647?co=GENIE.Platform%3DDesktop&hl=en
Mozilla Firefox:
https://support.mozilla.org/en-US/kb/enable-and-disable-cookies-website-preferences
Apple Safari:
https://support.apple.com/kb/PH21411?locale=en_US

Обврска за тајност и заштита на личните податоци со SSL безбедносен сертификат

Право за користење на Вашите лични податоци имаат само вработените на Логинг Електроникс. Тие се заштитени од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Се користат соодветни методи за заштита при пренос, соодветно со ризикот и природата на информациите. Заради спречување на неовластен пристап се применуваат сите организациски и технички мерки за заштита на личните податоци.

За заштита на Вашите лични податоци Логинг Електроникс користи SSL сертификат кој е активен на страната каде ги внесувате истите. Со инсталирање на овој сертификат на web страната оневозможуваме информациите да бидат искористени од надворешен неовластен пристап (сајбер крадци). Со ова Вашите имиња, адреси, лозинка и други дополнителни лични податоци кои ги оставате при регистрација на нашиот сајт се дополнително обезбедени.

Употреба на веб страницата од малолетни лица

Малолетни лица не смеат да оставаат информации без дозвола од нивните родители или старатели. Родителите и старателите треба да ги научат своите малолетни деца безбедно и сигурно да ракуваат со своите лични податоци на интернет. Логинг Електроникс никогаш нема да земе и да користи лични податоци од малолетни лица без дозвола од нивните родители или старатели. Со користењето на интернет странава изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.

Социјални мрежи

Друштвени јавни области

Сајтот може да биде пристапен од форуми за дискусија или блогови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица. Овие информации може да биде достапни на други корисници и може да се појавуваат на други интернет страни или веб пребарувања и затоа овие податоци што ви се доброволно изложени може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. Затоа, Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци.

Преку социјални мрежи (Facebook, Twitter, Instagram, Google Plus) не се врши поврзување со вашата регистрација на нашата интернет страна односно Вашето корисничко име и лозинка.

ДОКОЛКУ имате прашања во врска со сигурноста и безбедноста на Вашите лични податоци контактирате не и преку контакт формата.

Промена на политиката за приватност

Информациите содржани во оваа политика се предмет на промена од време на време соодветно на настанатите промени и нашите активности, без претходна најава. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени.

Ве молиме прочитајте го и следете го овој документ, а Ние гарантираме безбедност и едноставна трансакција за Вашите нарачки.

Контакт

е-mail: in[email protected]
Логинг Електроникс д.о.о ул. Народен Фронт 19а/1/6  1000, Скопје, Република Македонија Тел. +389 (02) 3127 345

Фокус кон купувачот Сакаме да се осигурaме дека корисникот е во центарот на вниманието.   Бесплатна техничка поддршкаАко нешто тргне наопаку, ние сме тука, подготвени да Ви помогнеме!   Најширок избор Преглед на сите брендови, вклучувајќи Fluke, Mikroelektronika, Knipex, Logitech...   Погодност Флексибилни опции, вклучувајќи го превозот до домот при испорака.

 

 

За нас

 

Производи
Мултимедија Електронски Компоненти Мерна опрема
Политики 

 

Електронски билтен 
Бидете информирани за новитети и добивајте купони за попусти!
© 2013-2022 Loging Electronics. All rights reserved.