Користење на интернет страната


Правила и услови

Внимание! Молиме внимателно прочитајте ги овие услови пред да ја користите оваа веб страна. Ако ги користите нашите услуги тоа значи дека ги прифаќате и сте согласни на овие услови. Ако не ги прифаќате овие услови ве молиме да не ја користете оваа веб страна.

Следниов документ содржи општи услови според кои Логинг Електроникс нуди услуги на своите корисници преку интернет продавницата http://www.loging.mk . Овие услови ги обврзуваат сите корисници. Со вклучувањето на изградените хипер врски кои се наоѓаат на серверот на www.loging.mk или преку плаќање со користењето на платени услуги предложени од него - корисникот се согласува, целосно прифаќа и се задолжува да ги почитува следните општи услови: идентификацијата на корисникот, со цел неговото објавување за прифаќање на општите услови, се извршува преку зачуваните ИП адреси на корисниците во лог-фајловите на серверот http://www.loging.mk , како и секоја друга информација.

Општи одредби ...

Информацијата што е вклучена во овој сајт го презентира моменталниот поглед на Логинг Електроникс за темите што се дискутирани на самиот датум на публицирање. Бидејќи Логинг Електроникс мора да се прилагодува на промените на условите на пазарот, сајтот не треба да се сфати како понуда или договор со Логинг Електроникс, а Логинг Електроникс не може да гарантира за точноста на било која информација после датумот на издавањето на било кој документ во сајтот. Овој сајт може да служи само за информативни цели. Логинг Електроникс не гарантира ниту експлицитно ни имплицитно за овие информации.

Правила за користење на сајтот

Логинг Електроникс како креатор и сопственик на оваа интернет страна ви дава право да ги разгледувате сите материјали кои се публикувани во неа само за лична употреба, со нетрговска цел, под услов дека ги почитувате сите авторски права и соодветните ознаки. Не се дозволува материјалите на оваа страна да се променуваат на некаков начин, ниту да бидат копирани, јавно распространувани или разделувани за каква и да било општествена или трговска цел. Забранета е и нивна публикација на други веб страни. Материјалите на оваа страна се под заштита на Законот за авторско право и други права и секоја недозволена употреба може да биде нарушување на авторското право, права врз трговски марки и други законски определби.

Информации

Информацијата што е ставена на сајтот е дадена "таква каква што е" без било каква гаранција од било кој вид. Логинг Електроникс ги одбива сите гаранции, експлицитни или имплицитни, вклучувајќи ги и гаранциите за деловност и погодност на информацијата за било која намена. Во никој случај Логинг Електроникс и/или неговите добавувачи не се одговорни за штетите што евентуално би настанале вклучувајќи ги и директните, индиректните, случајните, загубата на деловниот профит или специјалните трошоци, дури и во случаи ако Логинг Електроникс и/или неговите добавувачи се советувани и предупредени за можноста на вакви штети.

Ограничување на одговорноста

Логинг Електроникс, неговите доставувачи или трети лица не носат никаква одговорност за какви и да било штети, штети од пропуштена можност, од загуба на информација и др. кои произлегуваат од употребата, неможноста за употреба или резултатите од употреба на овој сајт, и тоа независно од постоењето или непостоењето на предупредување од Логинг Електроникс за можноста да дојде до такви штети. Во случај кога после користењето на оваа страна или нејзини материјали од Ваша страна дојде до појава на штета, за која е неопходен ремонт, сервисирање или поправка, Вие ќе ја сносите целата одговорност и сите трошоци поврзани со отстранувањето на нанесените штети.

Приказ на слики и бои на производи

Логинг Електроникс настојува на интернет страната да прикажува слики за производите што е можно попрецизно. Сепак, не можеме да гарантираме дека сликата што ја гледате одговара на производот. Исто така, приказот на бојата што ја гледате делумно зависи и од мониторот што го користите.

Грешки на интернет страната

Цените и расположливоста на производите и услугите се предмет на промена без претходна најава. Грешките кои ќе бидат увидени ќе се искорегираат, а Логинг Електроникс го задржува правото да ја повлече секоја понуда и да ги исправи сите грешки, пропусти или неточни податоци, вклучително и откако порачката е направена, независно дали е потврдена и/или наплатена. Во случај ако од вашата кредитна/дебитна картичка е наплатено а вашата нарачка е откажана, Логинг Електроникс на сметката од вашата кредитна/дебитна картичка ќе изврши рефундирање на наплатените средства. Времето за поврат и увид на средствата на Вашата сметка е непосредно детерминирано од индивидуалната политиката на Банката. (Ако не сте задоволни од купопродажбата, производот може да го вратите согласно “политиката за враќање” на Логинг Електроникс.)

Цени

Цените, понудата и изборот на нашата интернет страна може да се разликува од истиот во нашите продавници, и се предмет на измени. Го задржуваме правото за ограничување на продажбата, вклучувајќи го и правото да ја одбиеме продажбата.

Промени на цените на производите

Логинг Електроникс има право да ги менува цените по свое мислење во секое време без да се задолжи за предходно информирање на корисниците. Корисникот е должен да ја плати цената која била актуелна за време на правењето на нарачката.

Потврда на нарачка

Откако ќе направите интернет нарачка, ќе ја провериме валидноста на информацијата која ни ја давате, со верификација на начинот на плаќање и/или адресата на испорака. Го задржуваме правото да ја одбиеме нарачката и/или да ги ограничиме количините на производот во некоја нарачка, без да даваме образложение. Доколку ја одбиеме Вашата нарачка, ќе настојуваме да Ве известиме користејќи ја електронската e-mail адреса која ни ја доставивте со Вашата нарачка . Општо земено, од Вашата кредитна /дебитна картичка нема да бидат наплатени средства ако ја одбиеме нарачката, а доколку таа трансакција е веќе извршена средствата ќе Ви бидат рефундирани на сметката од вашата кредитна/дебитна картичка.

Конфирмација/Потврда на нарачка

Вашиот прием на електронска или друга форма на потврда за нарачката од нас, не значи прифаќање на нарачката од Логинг Електроникс, ниту пак претставува потврда на нашата понуда за продажбата. Логинг Електроникс го задржува правото во секое време по добивањето на нарачката да ја прифати или одбие Вашата нарачка од било каква причина.

Политика на враќање на производи

Целокупната продажба извршена преку оваа интернет страна е во согласност со “политиката за враќање“ на производи на Логинг Електроникс. Корисникот може да враќа производи во Логинг Електроникс, и да добие рефундирање на средства, под следните услови:


Логинг Електроникс д.о.о
ул. Народен Фронт 19а/1/6
1000 Скопје, Република Македонија

Оваа адреса е на располагање и на интернет страната на Логинг Електроникс http://www.loging.mk

“Политиката на враќање” на Логинг Електроникс исклучува враќање на софтвер, калибрирани производи, полупроводнички елементи и специјално произведени производи во Логинг Електроникс по нарачка на корисникот. Логинг Електроникс не превзема никаква одговорност за било какво оштетување или загуба при транзитот на производите од корисникот до Логинг Електроникс или за било кој друг предмет кој ќе пристигне со производот.

Превземање на софтвер ...

Секој софтвер поставен на Веб сајтот на фирмата Логинг Електроникс достапен за превземање е предмет на условите на лиценцниот договор (дозвола за користење) кој ја штити неговата употреба, репродукција и дистрибуција.

Дозвола за користење. Фирмата Логинг Електроникс му дозволува на примачот на софтверскиот производ ограничени, неексклузивни, непреносливи и бесплатни права на користење на софтверскиот производ. Сите права за дистрибуција, копирање и користење се заштитени од страна на фирмата Логинг Електроникс. Секое неовластено копирање или дистрибуција на софтверскиот производ е казниво според Законот за авторски права на РМ и сродни законски прописи во РМ.

ВАЖНА НАПОМЕНА: ОВОЈ СОФТВЕРСКИ ПРОИЗВОД СЕ ДАВА „ТАКОВ КАКОВ ШТО Е “ БЕЗ БИЛО КАКВА ГАРАНЦИЈА И ПОДДРШКА ОД БИЛО КАКОВ ВИД. ДО НАЈГОЛЕМА МОЖНА МЕРКА ДОЗВОЛЕНА СО МЕРОДАВНОТО ПРАВО, ФИРМАТА ЛОГИНГ ЕЛЕКТРОНИКС НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРНА ЗА БИЛО КАКВА СЛУЧАЈНА ИЛИ ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ШТЕТА (ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ШТЕТАТА НАСТАНАТА ЗАРАДИ ИЗГУБЕНА ДОБИВКА, ПРЕКИНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО, ГУБЕЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ ПОТРЕБНИ ЗА РАБОТА ИЛИ БИЛО КОЈ ДРУГ ПАРИЧЕН ГУБИТОК) КОЈ МОЖЕ ДА НАСТАНЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА НА УПОТРЕБАТА ИЛИ НЕМОЖНОСТА ЗА УПОТРЕБА НА СОФТВЕРСКИОТ ПРОИЗВОД ИЛИ ДАВАЊЕ ОДНОСНО НЕДАВАЊЕ ПОДДРШКА НА ПРОИЗВОДОТ ПА И ВО СЛУЧАЈ ФИРМАТА ЛОГИНГ ЕЛЕКТРОНИКС ДА БИЛА ИЗВЕСТЕНА ЗА ТОА ДЕКА МОЖЕ ДА НАСТАНЕ ТАКВА ШТЕТА.

Мислења за производите

На страниците на овој интернет сајт е предвидена можност корисниците да објавуваат мислења за производите што се предлагаат. Логинг Електроникс не сноси одговорност за точноста на публикуваната информација и коректноста и одговорноста на корисниците кои што го дале мислењето. Одговорноста за точноста на даденото мислење целосно ја сносува корисникот кој го дал мислењето. Логинг Електроникс го задржува правото да брише мислења кои не се однесуваат на производот или не се на македонски јазик.

Препратувања кон други веб сајтови кои се сопственост на трети лица

Како дополнително средство за информирање, Логинг Електроникс Ви обезбедува линкови до сајтови кои што припаѓаат на други фирми, кои што не се под контрола на Логинг Електроникс. Логинг Електроникс ниту ги прегледува, ниту регуларно ги надгледува, ниту пак има некакви одговорности за содржината на ваквите сајтови. Фактот дека Логинг Електроникс поставил врска до ваков сајт не смее да се третира како негова одговорност и Логинг Електроникс не превзема никаква одговорност за нивната содржина.

Обештетување

Вие се согласувате дека ги изземате од одговорност Логинг Електроникс и неговите службеници, посредници, вработени, други партнери и трети страни, во случај на било каква загуба, штета, одговорност, побарување, адвокатски надоместоци и сл., направени од трета страна кои произлегуваат од користењето на оваа интернет страна, вклучувајќи ја и употребата на оваа интернет страна како линк кон друга интернет страница или за upload на содржина или друга информација на оваа Интернет страна.

Престанок на користење на интернет страната

Логинг Електроникс го задржува правото да ја прекине Вашата продажна сметка како и Вашата корисничка регистрација или слични кориснички права на оваа интернет страница. Вие сте лично одговорни за секоја направена нарачка или уплата од Ваша страна, пред да настане забраната. Логинг Електроникс го задржува правото за промена, стопирање, или прекинување целосно или само на некои делови од оваа интернет страна во секое време, без претходна најава. После активирање на забраната Вие немате повеќе право на корисничка регистрација, сметка или слични права на користење на интернет страната. Нашите сопственички права, одрекувањето од гаранции и надоместоци и од разни регулативи не можат да бидат одземени, намалени, ограничени, укинати или поништени во сите случаи на прекинување на пристапот на нашиот сајт или било какви промени во него. Логинг Електроникс ќе Ве извести за прекинувањето по редовна пошта или по e-mail.

Препратувања кон овој сајт

Вие можете да создадете препратување кон овој сајт од други сајтови, но само според прифатените услови на Логинг Електроникс. За повеќе информации по ова прашање ве молиме да се поврзете со нас на посочените координати. info@loging.mk

Контакт

Доколку имате дополнителни прашања за условите, политиката и општите услови за користење на оваа интернет продавница контактирајте не на:

1. е-mail: info@loging.mk

2. Адреса:
Логинг Електроникс д.о.о
ул. Народен Фронт 19а/1/6
1000 Скопје, Република Македонија

3. Телефон: Тел. +389 (02) 3127 345

 

© 1997-2010 Логинг Електроникс д.о.о. All Rights Reserved.

Со користењето на нашата интернет страна, се согласувате со општите услови и политика за користење на истата